РУСИЈА: Предајте се до утре или ќе се „соочите со бура“!

Loading...

Руската војска на украинските сили на Крим им испратила ултиматум да се предадат до утре до 4 часот, по средноевропско време, пренесе Би-Би-Си. 
Би-Би-Си, повикувајќи се на украински извори во одбраната, наведува дека руската војска им порачала на украинските сили на Крим да се предадат или ќе се „соочат со бура“.
Сите украински бази на Крим и натаму се под контрола на украинската војска, но се опколени со проруски трупи, потврди денеска претставник на регионалното Министерство за одбрана на Крим Владислав Селезнјов.
– Немаше пукање, освен еден метак за предупредување кои го испукаа Украинците недалеку од Севастопољ, изјави Селезнјов.
Ројтерс јавува, повикувајќи се на Интерфакс, дека руската Црноморска флота им соопштила на украинските сили на Крим да се предадат до утре или ќе бидат соочени со воен напад.
Ултиматумот, како што пренесе Интерфакс, го дал командантот на руската флота Александар Витко.
Извор: Сител
  
Би-Би-Си, повикувајќи се на украински извори во одбраната, наведува дека руската војска им порачала на украинските сили на Крим да с

loading...
Loading...