Русија сака САД да ги доведе сириските бунтовници на преговори

Loading...

Русија ги повика САД да извршат притисок врз сириската вооружена опозиција да стапи во директни преговори со владата на претседателот Башар ал-Асад, велејќи дека противниците на режимот мораат да ги одредат своите преговарачи.

 Сириската криза била предмет на „поголемиот дел од разговорите” меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери во вторникот навечер во Берлин, изјави портпаролката на Стејт департментот на САД, Викторија Нуланд.
 По разговорите за кои рекла дека биле „доста сериозни” и „многу работни”, Мисква и Вашингтон делуваа ретко толку усогласено околу напорите за покренување разговори со кои ќе биде ставен крај на речиси две години долгиот судир во Сирија во кој животите според процените на Обединетите нации ги загубија околу 70 илјади луѓе.
Лавров по средбата изјавил дека новиот шеф на американската дипломатија изгледа ја увидува тежината на кризата во Сирија, како и дека поранешните ривали од периодот на Студената војна од речиси целата втора половина на минатиот век се договориле да сторат сѐ што е во нивните можности „да создадат најдобри услови за да се олесни почетокот на дијалогот меѓу владата и опозицијата што е побрзо можно”.
Рускиот министер рекол дека Москва сака за разговор со владата, сириската опозиција да ги одреди своите претставници на состанокот во Рим кој ќе се одржи оваа седмица, меѓу сириската опозиција и западните сили и арапските регионални земји кои исто така се противат на претседателот Башар ал-Асад.
Лавров пред состанокот со Кери најави дека ќе побара од Вашингтон да изврши притисок врз сириската опозиција да се откаже од барањето претседателот Асад да ја напушти должноста, како предуслов за почеток на разговорите, што го карактеризираше како „нереално”.
Макфакс
Русија ги повика САД да извршат притисок врз сириската вооружена опозиција да стапи во директни преговори со владата н

loading...
Loading...