Русија се спротиставува на изведување на сириските челници пред Хашкиот трибунал

Loading...

Висок руски функционер порача во вторникот дека Москва во овој момент нема да ги поддржи повиците осомничените за воени злосторства од редовите на сириската власт да бидат предадени на постојаниот Меѓународен кривичен суд (ICC) во Хаг.

Истражители на агенцијата за човекови права при Обединетите нации во понеделникот во Женева повикаа сириските челници да бидат изведени пред судот за воени злосторства
Меѓутоа, заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов, на прес-конференција во вторникот изјави дека таа иницијатива „не е патот по кој треба да се движиме” и дека тоа во овој момент би било непримерено и контрапродуктивно.
Поради тоа што Сирија не е потписничка на Римскиот статут со кој беше основан Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства, единствен начин за спроведување на истрага за воени злосторства тој предмет до Трибуналот треба да го проследи Советот за безбедност при ОН, во кој Русија е постојан претставник и има право на вето.
Гатилов додал дека приоритет претставува ставање крај на насилствата во Сирија, како и дека за кршењето на човековите права не треба да се сомничи само едната страна во конфликтот.
Русија и Кина досега трипати блокираа резолуции на Советот за безбедност при ОН со кои западните сили сакаше да го зголеми притисок врз властите во Дамаск, додека Москва и Пекинг образложија дека со резолуциите за 23-месечните судири во кои досега според ОН загинале 70 илјади луѓе се обвинува само едната страна во сириската граѓанска војна, како и дека се создава простор за повторување на ткн Либиско сценарио, односно странска воена интервенција Сирија.
Макфакс
Висок руски функционер порача во вторникот дека Москва во овој момент нема да ги поддржи повиците осомничените за воени зло

loading...