Русија ја затвори истрагата за смртта на Магнитски

Loading...

Русија во вторникот ја затвори истрагата за смртта на правниот советник Сереј Магнитски кој почина во затвор во Москва во 2009 година, оценувајќи дека кон него не се постапувало лошо, како што обвинуваат САД кои во врска со ова донесоа закон познат како „закон Магнитски“ со кој им се забранува влез на сите руски функционери кои наводно биле вмешани во неговата смрт.Единствената личност која беше обвинета во овој случај кој предизвика остри тензии меѓу Москва и Вашингтон, рускиот правосуден систем ја ослободи од обвинението ланскиот декември.„Со истрагата не е утврден ниеден непобитен факт кој би докажал дека Сергеј Магнитски бил жртва на кривично дело“, се наведува во соопштението што во вторникот го пренесуваат руските медиуми.Адвокатот на мајката на починатиот Сергеј Магнитски, Николај Горохов, за руската агенција Интерфакс изјави дека има намера пред судот да ја оспори оваа одлука.Магнитски почина во ноември 2009 година, како советник на инвестицискиот фонд Hermitage Capital, на возраст од 37 години, по 11 месеци притвор, еден месец пред завршувањето на законскиот рок во кој можеше да биде држен во притвор, каде заврши поради обвинувањата за помагање во финансиска проневера.Сергеј Магнитски беше адвокат кој ги истражуваше случаите на наводна корупција во руските државни компании. Магнитски почина во притвор во Москва во текот на истрагата поради сомневањата дека му помогнал на британскиот инвестициски фонд „Hermitage Capital Management” кој го раководеше Вилијам Броудер да избегне плаќање данок. Броудер беше протеран од Русија како државен непријател.Западните медиуми, пак, и Hermitage тврдат дека Магнитски бил уапсен во 2008 година откако открил наводни малверзации од 5,4 милијарди рубљи (130 милиони евра), на полициски функционери и даночните власти на штета на работодавачи и на руската држава. За фискална проневера тогаш го обвиниле истите функционери коишто ги прокажал.Во дневникот што го водел во затворот ги опишувал многу лошите услови во кои се наоѓал, а една организација за заштита на човековите права тврди дека бил жртва на насилство во затворот и дека намерно му била ускратувана медицинска нега.Меѓутоа, истрагата дојде до сосема поинакви сознанија. „Условите за притворање на Сергеј Магнитски се спроведени во согласност со законот“, се наведува во соопштението на истражната комисија. Се додава, исто така, и дека „Не бил изложен на никаков притисок, а ни бил ниту жртва на телесно насилство или тортура“, при што се потсетува дека со обдукцијата на телото на починатиот било утврдено дека причина е застој на срцето.Американскиот Конгрес во 2012 година усвои закон со кој им се забранува влегување во САД на руски функционери и службеници кои биле вклучени наводно во смртта на Магнитски и се замрзнува нивниот имот.Русија одговори со носење  соодветен закон спрема државјани на САД кои се одговорни за загрозување на правата на руските државјани, а во декември минатата година го усвои и законот со кој на Американци им се забранува посвојување на руски деца, ткн „закон Дима Јаковлев“ именуван по двегодишното руско момченце кое почина во САД, каде што било посвоено во едно американско семејство, откако посвоителот го оставил затворено во автомобил на голема жештина. Американскиот суд пресуди дека посвоителот не е виновен за смртта на детето.
Истрага отвори и руското министерство за внатрешни работи, на 24-ти јануари 2013 година, и ги опфати „колегите на Магнитски”, соопшти во февруари годинава фондацијата за западни вложувања којашто го вработуваше спомнатиот адвокат кој бил специјализиран за даноци, неизнесувајќи други детали за лицата кои се опфатени со истрагата.Во рамките на истрагата министерство за внатрешни работи на Руската Федерација побарало од московската филијала на британската банка HSBC да му ги достави банкарските изводи на осум компании поврзани со Фондацијата Hermitage, сé до 1996 година.
МакфаксРусија во вторникот ја затвори истрагата за смртта на правниот советник Сереј Магнитски кој почина во затвор во

loading...