„РУСИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА УНИШТИ УКРАИНА! Драматична порака од Полска, Моравјецки споменува промената на границите

Русија ќе се обиде да ја уништи Украина и да ги промени нејзините граници, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки, коментирајќи ја делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата.

„РУСИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА УНИШТИ УКРАИНА! Драматична порака од Полска, Моравјецки споменува промената на границите

„Ќе направиме се што можеме, заедно со нашите сојузници, за НАТО да и помогне на Украина во поголема мера, за да може да се брани“, рече Моравјецки, пренесе Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди прва мобилизација во Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи со „нуклеарна уцена“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Обраќањето на Путин и Шојгу следеше откако самопрогласените Луганска Народна Република, Доњецката Народна Република, Херсон и Запорожје во Украина најавија дека од 23 до 27 септември ќе се одржат референдуми за присоединување кон Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.