Руската армија воведе во боево дежурство супер-оружје, известен е и Путин

Loading...

Планирачкиот крстосувачки боев блок „Авангард“ е способен во густите слоеви на атмосферата да оствари интерконтинентален дострел, при што може да развие брзина која е речиси 20 пати поголема од брзината на звукот.
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин дека првиот ракетен полк, вооружен со новиот ракетен комплекс за стратешка намена опремен со планирачки крстосувачки боев блок „Авангард“ денеска стапил на боево дежурство.
Ракетниот ударен полк со системот „Авангард“ од 10 ч. по московско време стана целосно оперативен, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.
За комплексот „Авангард“
„Авангард“ претставува комплекс за стратешка намена, кој се состои од интерконтинентална балистичка ракета (УР-100Н УТТХ) опремена со планирачки хиперсоничен боев блок. Според информациите од проверени извори, боевиот блок е развиен во „НПО машиноградба (НПО машиностроения), каде што е тестиран уште во 2004 година.
Претпоставката е дека новиот хиперсоничен планирачки блок за стратешка намена „Авангард“ ќе биде изработен од титаниумска суперлегура, која ќе биде исклучително отпорна на високите вредности на температурата што се создаваат за време на летот со брзини 20 пати поголеми од брзината на звукот. Развојните инженери на „НПО машиноградба“ создадоа нов материјал што ќе му обезбеди на овој објект стабилен лет во услови кога доаѓа до создавање на тнр. плазма-ефект.
Претходно претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во својот историски говор одржан на 1 март 2018 година рече дека системот „Авангард“ е способен во густите слоеви на атмосферата да оствари интерконтинентален дострел, при што може да развие брзина која е дури 20 пати поголема од брзината на звукот.
Извор: Руска реч

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...