РУСКИ НАПАД НА ДВА ГРАДА НА ИСТОК Е ВО ТЕК! ЗЕЛЕНСКИ Тврди: Русија нема да може да се опорави од ваквите загуби

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање рече дека, како што вели, ќе има добри вести од фронтот, но не даде повеќе детали.

Зеленски не прецизираше што се случува во Керсон на југот, каде официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека ќе се случи една од најважните битки, пренесува Ројтерс.

РУСКИ НАПАД НА ДВА ГРАДА НА ИСТОК Е ВО ТЕК! ЗЕЛЕНСКИ Тврди: Русија нема да може да се опорави од ваквите загуби

Најжестоките борби во источна Украина се водат во Адивика, пред Доњецк и во близина на Бахмут, додаде Зеленски.

-Тука најдобро се гледа лудилото на руската воена команда. Ден по ден, месец по месец ги принудуваат луѓето да гинат таму, изведувајќи ги најголемите артилериски напади. Русија нема да може да се опорави од таквите загуби – рече Зеленски.

Украинските трупи се држат против континуираните напади на руските сили во два источни града, додека армијата на јужниот фронт е подготвена да се бори за стратегискиот регион Керсон, кој Русија го зајакнува, пишува во анализата на Ројтерс.

Ројтерс јавува дека руските сили направиле неколку обиди да го заземат Бахмут, кој се наоѓа на главниот пат кон украинските градови Славјанск и Краматорск.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.