Судот во Москва ја прогласи компанијата „Гугл“ за виновна за откривање на личните податоци на загинатите руски војници за време на војната во Украина.
Компанијата е казнета со 42.000 евра од судот поради прекршување на Законот за административни прекршоци на Руската Федерација, соопшти судот, пренесе ТАСС.
„Гугл“ преку видео објавено на платформата Јутјуб објави информации за паднатите војници, вклучувајќи имиња и лични податоци.