РKE го укина надоместокот за мрежарина за лицата што произведуваат и продаваат струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали кои што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач- производител.

РKE го укина надоместокот за мрежарина за лицата што произведуваат и продаваат струја

„Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали. На овој начин сметаме дека ќе се поттикне голем број на домаќинстават да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали. Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија. Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 кW и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.