САД: Кантри ѕвезда пронајдена мртва

Loading...

Американската кантри пејачка Минди МекКреди, која во последно време беше попозната по лични проблеми отколку по хитовите од крајот на 90-те, пронајдена е во неделата мртва во својата куќа во Арканзас по саморанување со огнено оружје, објави локалната полиција.

Полицијата стигнала на местото на настанот по пријава и го пронашла телото на МекКреди во предниот дел на куќата. Случајот е под истрага, а телото на пејачката е предадено на криминалистилкиот институт во Арканзас на обдукција, соопшти претставник на полицијата.Партнерот на пејачката, музичкиот продуцент Дејвид Вилсон, се застрела минатиот месец по што Мек Креди започна со програма за одвикнување од зависности.Зад парот остана синче, кое е родено во април минатата година, а МекКреди имаше шестгодишен син од претходната врска.Меѓу хитовите на Минди МекКреди, (37) се деби синглот од 1996 „Ten Thousand Angels“ и песната од хитот „Guys Do it All The Time“. Својот последен албум „I'm Still Here“ го издаде во 2010 година.
Макфакс
Американската кантри пејачка Минди МекКреди, која во последно време беше попозната по лични проблеми отколку по хитовите од

loading...