САД се на пат кон нуклеарен конфликт со Русија – предупреди амбасадорот на Русија во Вашингтон

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, рече дека испраќањето оружје во Украина е пат до конфликт меѓу Русија и САД и дека кратковидоста на Американците е очигледна.

„Непромисленото воведување ограничувања само ја влошува ситуацијата во американската економија. Излегува дека во антируското лудило, Вашингтон е подготвен да си пука во нога и истовремено да танцува. Тоа изгледа апсурдно“, додаде тој.
САД се на пат кон нуклеарен конфликт со Русија.

Антонов рече дека Американците кои се обземени од желбата да и нанесат стратегиски пораз на Русија, локалните елити ги зголемуваат тензиите, „пумпаат“ оружје за режимот во Киев.

„Дали навистина е јасно дека тоа е патот до директен воен конфликт на најголемите нуклеарни сили што ќе има непредвидливи последици?“ вели Антонов во авторски текст за Newsweek.

Тој додаде дека санкциите наметнати на Русија не даваат резултати.

„Непромисленото воведување ограничувања само ја влошува ситуацијата во американската економија. Излегува дека во антируското лудило, Вашингтон е подготвен да си пука во нога и истовремено да танцува. Тоа изгледа апсурдно“, додаде тој.

Тој исто така вели дека напорите на САД на никаков начин нема да влијаат на решеноста на руските вооружени сили да постигнат „деназификација и демилитаризација на Украина“.

Антонов ги повика државите „да престанат да негуваат илузии за поразот на Русија“.

„Што се однесува до самата Украина, развојот на ситуацијата со оваа земја е тест кој ќе ја покаже подготвеноста на западните земји да ја земат предвид загриженоста на Русија. Понатамошниот напредок кон стабилизирање на европската безбедност ќе зависи од исходот на кризата во Украина.“ – изјави Антонов.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.