САД се согласуваат со ставот на ЕУ за СЈО

На официјалниот профил на Фејсбук од Амбасадата на Соединетите Американски Држави споделувајќи го соопштението на ЕУ за Законот за Јавно обвинителство пишуваат дека Јавното и Специјалното обвинителство се клучни за напорите на Северна Македонија за гонење и борба против корупцијата, и за враќање на вербата на јавноста во независен судски систем. Од Амбасадата на САД се согласуваат со Делегацијата на ЕУ дека треба да се обезбедат капацитетите и независност на обвинителствата.
Наведувајќи дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно, во соопштението од евроамбасадорот Самуел Жбогар се наведува дека ЕУ ги повикува сите парламентарни политички партии да го усвојат законот.
Loading...