САД ја критикуваат руската забрана за увоз на американско месо

Loading...

Соединетите Американска Држави (САД) ја критикуваа одлуката на Русија да забрани увоз на американското говедско, свинско и мисиркино месо.
Забрана стапи на сила во вторникот, а руските државници најавија дека истата ќе трае се додека САД нема да бидат во состојба да гарантираат дека месото кое што го изнесуваат не го содржи адитивот рактопамин.Овој адитив, кој се наоѓа во сточната храна, забранет е во Европската унија и во Русија, додека во САД се смета за безбеден.Американските власти наведоа дека Русија ги занемарува научните студии со кои, како наведуваат, било утврдено дека рактопаминот во месото на животните е безбеден за употреба во човековата исхрана.
Макфакс Соединетите Американска Држави (САД) ја критикуваа одлук

loading...
Loading...