САД ја јакнат ракетната одбрана од Северна Кореја

Loading...

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел го објави планот за јакнење на американската ракетна одбрана против „неодговорните и непромислени” провокации на Северна Кроеја, којашто минатата седмица се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД.

 
Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел, соопштил дека Пентагон додал 14 противракетни пресретнувачи во базата Форт Грили на Аласка, со што всушност се поништува претходната одлука на претседателот Барак Обама, како и дека почнува и поставувањето на вториот антирактен радар во Јапонија.
Пентагон ја остави отворена можноста за создавање локација на американскиот Источен брег, на којашто би можело да се постават уште пресретнувачи со коишто би можело да се урне доаѓачка ракета. Дополнителните 14 пресретнувачи ќе чинат речиси милијарда долари, и таа одлука мора да ја донесе американскиот Конгрес.
„Со преземањето на чекорите што денеска ги претставив, ќе ја зајакнеме одбраната, ќе ги исполниме обврските кон сојузниците и партнерите, а и на светот јасно ќе му покажеме дека САД не попуштаат пред агресијата”, изјавил Хејгле во петокот по локално време на прес-конференција, пренесува Reuter.
Северна Кореја минатата седмица, откако Советот за безбедност при Обединетите нации донесе едногласно резолуција за нови санкции кон неа поради нејзината трета нуклеарна проба на 12-ти февруари, се закани дека може да изведе превентивен нуклеарен удар врз САД кои ги обвини дека сакаат да испровоцираат војна на Корејскиот полуостров, алудирајќи на големите воени маневри што се одржуваат последната седмица во кои заеднички учествуваат силите на Јужна Кореја и САД. Вашингтон на јужнокорејската територија има стационирано околу 25 илјади војници.
Некои американски функционери објавија дека се откажуваа до новиот антиракетен пресретнувач кој би бил инсталиран во Европа, што според Reuters претставува знак за силен фискален притисок врз Пентагон. Според истите неименувани функционер, европската одбрана поради оваа одлука нема да трпи.
Макфакс
Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел го објави планот за јакнење на американската раке

loading...
Loading...