Сакате чипс, но знаете колку е штетен: Четири превкусни алтернативи за омилените грицки

Loading...

Чипсовите и повеќето солени гицки се многу вкусни, но и многу калорични и штетни за нашето тело.
Ви претставуваме четири алтернативи на чипсот, кои освен што се одлична замена на вкусните солени грицки, се и здрави за нашиот организам:
Чипс од јаболка: Одличен избор за љубителите на крцкави закуски. Овој вид на чипс содржи многу корисни материи, како влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Оваа вкусна закуска која има долг рок на траење и може да биде одлична ужинка.


Чипс од сладок компир: Овој вид на чипс е многу богат со витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело. Исто така е изненадувачки вкусен и крцкав, и е одлична замена за нездравите чипсови, бидејки содржи многу помалку масти. Одличен е во комбинација со благо зачинет сос.
Чипс од банана: Чипсот од банана е одлична закуска, но може да послужи и како замена за некој од главните оброци. Тој има силна арома и содржи многу малку шеќер и калории. Можете да го купите во речиси сите поголеми продавници, и со малку напор може да се направи и дома.
Чипс од соја: Чипсот од соја е одлична и здрава закуска која може да ја најдете во сите поголеми продавници, а најдоброто нешто е што не содржи глутен и има многу малку калории и масти.

loading...