Салата од грав со која не Ви е потребно месо

Loading...

Класична салата од грав е одличен прилог за бројните јадења, но можете да ја јадете без никакви додатоци, доколку ја подготвите со неколку изненадувачки состојки.
Гравот е неверојатен извор на протеин со растително потекло, како и јаткастите плодови како оревот. Доколку ги споите овие две состојки во една убава салата, ќе добиете вкусно јадење со кое нема потреба да сервирате и месо.


Состојки за салата од грав:
– 1 конзерва од 200 грама бел грав
– 60 грама ореви
– 1/2 зелени јаболка
– 3 лажици маслиново масло
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 чешне лук
– 1 лажица сенф
– сол и бибер по желба
Подготовка


1. Исцедете го гравот од конзервата и измиете го. Исто така можете да употребите и свежо зготвен грав.
2. Оревите оставете ги да повријат во врела вода неколку минути.
4. Направете прелив за салатата од сол, бибер, масло, оцет и сенф. Добро измешајте ги овие состојки.
5. Ставете го гравот во сад заедно со оревите, јаболката и лукот, па над сите нив ставете од сосот за салата.
Добар апетит!

loading...