Салата со компири и јајца

За еден ден ќе ја изедете оваа салата со компири, бидејќи ќе ве маѓепса со својот вкус.
Состојки:
килограм компири
4 варени јајца
краставица
200 гр мајонез
3 лажици шеќер
ротквица
3 лажици сок од лимон
лажичка сол
глава од виолетов кромид
сол
бибер
Подготовка:
Варете ги компирите сосе лушпите во солена, врела вода, потоа изладете ги, излупете ги и исечете ги на парчиња со саканата големина.
Во соодветен сад измешајте мајонез, сол, шеќер и сок од лимон, потоа ставете ги компирите, претходно исечкан кромид и краставици и варени јајца исечени на кругови или четвртини.
Потоа треба да додадете сецкани ротквици, истурете ја смесата од мајонез и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.