Салата со пилешко и јаболка

Loading...

Состојки (за 2 лица)
– 100 гр варено пилешко
– 80 гр мајонез или павлака
– 2 јаболка (со црвена кора)
– сок од 1 лимон
– 50 гр кромид
– 2 лажички кафеав шеќер
– зачини по желба
Подготовка:
Изладете го пилешкото што сте го свариле во посолена вода и исечете го на коцки.
Исечете ги јаболката со кора на коцки и прелијте ги сок од лимон за да не потемнат.
Ставете го пилешкото во сад, додадете мајонез, јаболка, кромид и кафеав шеќер.
Доколку сакате, мајонезот можете да го замените со кисела павлака.
Лесно измешајте ја салатата, украсете ја со јаткасти плодови по желба и сервирајте.

loading...
Loading...