Салата со цвекло, морков и пиперки

Состојки
4 кг цвекло варено
2 кг морков варен
2 кг пиперки потпечени
2 главици лук
1 бибер во зрно
500 мл бела киселина
500 мл масло
500 гр шеќер
200 гр крупна сол
1 конзерванс
1 китка магданос

1. Најпрво во големо тенџере се варат цвеклото нелупено и морковите додека да омекнат. Се лупат и сецкаат и се ставаат во длабок сад.
2. Потоа пиперките се потпекуваат (плуснати) малку и се сечкаат и се додаваат во садот заедно со цвеклото и морковот.
3. Се додава шеќерот, солта, маслото, киселината, сечканиот лук, магданосот и конзервансот.
4. Се остава да стои 24часа и потоа се собира салатата во тегли. Превкусна направете ја!

Loading...