Сали на местото на Филипче, Исјановски- заменик министер за здравство?

Loading...

Алтернатива и дефинитивно го добива Министерството за здравство, откако лидерот на партијата Африм Гаши постигна договор со премиерот Зоран Заев. Медиумите веќе шпекулираат за кадровските решенија откако премиерот соопшти дека новата партија во парламентарното мнозинство ќе добие министерски места во Здравство и во Информатичко општество, како и еден министер без ресор.
Фактор објавува дека за заменик министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски.
Претходно пак, се шпекулираше дека Беким Сали, кој беше и кандидат на Алтернатива за прв човек на општина Чаир, ќе ја презеде министерската фотелја на Венко Филипче.
Премиерот Заев тврди дека сѐ уште не е разговарано за кадровските решенија.
-Немаме одлучено. Немаме одлучено кај кој ќе припадне Здравство, а после тоа и да одлучиме кој кадровски ќе го покрива. Така што, сѐ што е излезено во јавноста е само шпекулација, зашто вистината е дека прво немаме одлучено. Логично е дека треба да помине во друга партија, а не во Алтернатива заменик за здравство. А во која друга партија ќе биде… Сега го држи ДУИ, тоа е др. Илир Хасани, исто така одличен човек, лекар, но и заменик министер. Допрва ќе одлучуваме каде тоа ќе биде распределено, рече Заев.

loading...
Loading...