Само една кралица може да носи „барби“ розова боја и да изгледа беспрекорно: Летиција во фустан кој ѝ прилега на секоја жена

Шпанската кралица Летиција важи за олицетворение на добриот стил и е верна на едноставните креации, но од друга страна е една од ретките жени во кралските семејства која ги поместува границите на стилот и се осмелува да облече парчиња кои другите дами не би ги облекле.
Убавата бринета неодамна присуствувала на доделување на награди во областа на уметностa во градот Памплона, заедно со сопругот Фелипе, а очекувано – сите погледи биле вперени кон нејзиното елегантно и префинето издание.

Летиција избрала фустан со женствен А крој и миди должина со потпис на брендот „Moises Nieto“, а неговата цена е околу 350 евра. На прв поглед станува збор за сосема едноставен, секојдневен модел, но она што овој избор го направил посебен е впечатливата боја.


Имено, славната Шпанка се одлучила за впечатлива розова нијанса која е голем тренд оваа пролет и која ретко ја носат благородничките во Европа и во светот. Оваа нијанса е често избегнувана од страна на жените со деловен и софистициран стил од страв дека не остава сериозен впечаток, но Летиција докажала дека со едноставни детали и вистински крој, и „барби“ розовата боја може да биде вистински избор за формалните прилики.
Целата комбинација ја заокружила со салонки во светлобеж боја и прекрасни обетки со розови и зелени кристали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.