САМО ЗА ВИСТИНСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЧОКОЛАДОТО

Loading...

Подгответе ги сите видови чоколадо и право во кујна
СОСТОЈКИ:
3 јајца
150 гр чоколадо
70 гр путер
4 лажици шеќер
1 лажица брашно
ЗА ФИЛ:
500 гр маскарпоне сирење
2 кесички ванилин шеќер
500 мл слатка павлака
100 гр темно чоколадо
100 гр млечно чоколадо
100 гр бело чоколадо
100 гр шеќер
ПОДГОТОВКА:
Чоколадата за кората и путерот растопете ги на пареа. Со миксер изматете ги шеќерот и жолчките, па во таа смеса додадете ги растопеното чоколадо и една лажица брашно. Изматете ги белките додека не добиете смеса како шлаг и додајте ја во претходната смеса. Печете на 160 степени околу 40 минути.
Растопете го белото чоколадо заедно со ванилиниот шеќер. Додека другите чоколади се топат секоја посебно. Изматете го маскарпонето и шеќерот во еден сад, а во друг сад изматете ја слатката павлака, па спојте ги заедно во еден сад. Поделете ја оваа смеса на три дела и додајте ја во различните видови чоколадо.
Најпрво истурете го темниот фил на кората, потоа кафеавиот и потоа белиот фил. По желба, можете да ставите чоколадна глазура. Оставете да отстои во фрижидер преку ноќ.

loading...
Loading...