Сангрија со бело вино, смокви и круши

Loading...

Бело вино со круши и смокви, а можеби и малку цимет е совршена комбинација за почетокот на есента!
Сангрија со бело вино, смокви и круши
Потребни состојки:
5 смокви
1 круша
1 лимон
1 стапче цимет
3 цели каранфилчиња
450 милилитри бело вино
450 милилитри минерална вода
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето и исечкајте го на ситни парчиња.
Ставете го овошјето во една голема тегла. Истурете го виното, а потоа и минералната вода.
Оставете најмалку 2 часа во фрижидер, а потоа споделете со пријателите!

loading...