Саудискиот принц убиец ќе ја издржува казната во татковината

Loading...

Британските власти го екстрадираа во татковината саудискиот принц Сауд бин Абдулазиз бин Насир бин Абдулазиз ал-Сауд, кој беше осуден на доживотен затвор за убиството на својот слуга во лондонски хотел во 2010 година, пренесe AFP.Телото е слугата на принцот 32-годишниот Бандар Абдула Абдулазиз беше пронајдено во соба во познатиот лондонски хотел „Landmark“ по денот на Сети Валентин, на 15-ти февруари. Истрагата на судската медицина покажа дека мажот бил брутално претепан и оти причина за неговата смртта биле повреди на черепот и главата.Сега саудискиот принц ќе продолжи да ја издржува казната во неговата татковина. Адвокатите на ал-Сауд беа против таквата одлука, бидејќи во Саудиска Арабија, принцот може да се соочи со смртна казна поради обвинувања за хомосексуалност.Имено истрагата откри дека меѓу двајцата мажи постоела сексуална врска. Според лондонските медиуми, ал-Сауд патувал со својот слуга по целиот свет. Во Лондон минале три седмици и за тоа време потрошил најмалку 100 илјади фунти. Во споменатиот хотел принцот изнајмил петособен апартман чија цена била илјада фунти на ден.Податоците од безбедносните камери во хотелот покажале дека до денот на убиството, принцот го претепувал својот собар најмалку трипати.
МакфаксБританските власти го екстрадираа во татковината саудискиот принц Сауд бин Абдулазиз бин Насир бин Абдулазиз ал-

loading...
Loading...