Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ (39) доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт во Дајмонд Мол на 19-ти октомври, со почеток од 20 часот.Со музичкиот настан ќе се одбележи една година од отворањето на молот, и истиот ќе биде од отворен тип, односно влезот ќе биде бесплатен.Ковачевиќ, кој е активен на сцената околу две децении, започнал со настапи на свои 16 години, а стана познат за пошироката јавност во 2004 година, откако настапи на фестивалот „Сончеви скали”.Неговите песни имаат милионски прегледи на музичкиот канал Јутјуб, а за концертите низ регионот секогаш се бара влезница повеќе.Роден во Земун, во 2011 година тој доби орден и признание од општината, поради неговиот ангажман во културната и туристичката промоција на родниот град, и беше прогласен за заслужен граѓанин.Во Македонија исто така е чест гостин во клубови, но и на општински манифестации.Една недела пред роденденската забава во молот во Скопје, тој ќе гостува во Велес, на 12-ти октомври, на фестивалот на велешка пита и вино, Питијада 2024.
Пронајдете не на следниве мрежи: