Актерот Саша Јоксимовиќ е роден брат на пејачот Жељко Јоксимовиќ, а сега откри во какви се односи.
На прашањето дали му пречи кога го етикетираат како брат на Жељко, Саша истакна дека толку многу постигнал во својот живот и дека не му се потребни етикети.
Содржината продолжува после огласот
Кога станува збор за неговиот однос со Жељко, тој вели дека се блиски, но дека не се дружат.
-Не можам да не бидам близок со својот брат, но не се дружиме, изјави Саша, а неговата сопруга Невена додаде:
-Што значи семејство? Некој да биде дел од вашето семејство мора тоа да го заслужи. Ние тројца сме семејство. Некои пријатели ги сметам за семејство, изјави сопругата на актерот.