Свадба со ќерката како главна гостинка: Познатата новинарка се омажи во нетипична креација

Loading...
Новинарката Нашата Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски минатиот викенд направија свадба и црковна венчавка. Главна гостинка на забавата беше нивната ќерка Каја, која има девет ипол месеци, пренесува “Женски магазин“.

Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата.
“Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажа уредничката на бизнис вестите на “Сител“ за “Женски магазин“.
Она што со што таа привлече внимание на свадбата е уникатната и нетипична креација, блуза со цветови и пантолони.

 

loading...