Светските сили на Иран ќе му понуди ублажување на санкциите

Loading...

Големите сили ќе му понудат на Иран одредено ублажување на санкциите во разговорите кои подоцна седмицава ќе се одржат во казахстанската престолнина Алмати, доколку Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма, соопштил за Reuters во понеделник неименуван американски дипломат.Иран, меѓутоа, може да се соочи со уште економски штети, доколку разговорите не бидат помрднати од мртва точка, изјавил американски функционер, кој побарал да не биде именува, пред состанокот на шесте големи сили и Иран кој ќе се одржи на 26-ти и 27-ми февруари, „Мислам дека ќе има одредено ублажување на санкциите во новиот предлог на силите за Иран“, рекол дипломатот не наведувајќи детали.Други западни дипломатски извори за Reuters рекле дека САД, Русија, Кина, Велика Британија, Германија и Франција ќе понудат ублажување на санкциите во трговијата со злато и благородните метали, доколку Иран ги затвори своите подземни нуклеарни постројки за збогатување ураниум во Фордоу. Ирански функционери, пак, од своја страна рекле дека тоа нема да биде доволно.Американски дипломати рекле и дека состанокот во Алмати ќе води кон скорешно продолжување на разговорите, „Подготвени сме да го забрзаме ритамот на нашите состаноци и разговори“, изјавил еден функционер и додал дека САД би биле подготвени и на билатерални разговори, доколку пристапот на Техеран биде сериозен.
МакфаксГолемите сили ќе му понудат на Иран одредено ублажување на санкциите во разговорите кои подоцна седмицава ќе се

loading...
Loading...