Свечља: Осум мажи уапсени поради експлозијата кај Зубин Поток

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, потврди дека се уапсени осум лица по експлозијата на каналот Ибар – Лепенец, а запленета е голема количина воени униформи, оружје, муниција и пари.

На прес-конференција, тој изјави дека експлозијата претставува терористички акт.

„Овие напади се под режија на Србија и за него го обвинуваме Белград“, изјави Свечља.

Директорот на т.н. косовска полиција, Газменд Хоџа, нагласи дека сите индиции укажуваат на тоа дека групата која го организирала нападот била под команда на Милан Радојчиќ.

„Не сакам да предвидувам, бидејќи истрагата е во тек, но сите индиции укажуваат на тоа“, изјави Хоџа.

Тој додаде дека според увидот на местото на настанот, во нападот е користена голема количина експлозив од 15-20 кг, кој бил ставен во црна вреќа и активиран со механички детонатор.

Во напад причинети се големи материјални штети и прекин на водоснабдувањето за многу области, како и загрозување на електричната енергија, но и ризик од сериозни последици по нарушувањето на енергетскиот систем на Косово, велат косовските власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: