Свинското месо е највкусно кога ќе се приготви на италијански начин!

Loading...

Состојки:
4 свински котлети
175 г шампињони
2 домати
200 г талјатели
4-5 листови свеж босилек
1 јаболко
1 главица кромид
100 г путер
150 г сирење маскарпоне
1 лажица сусам
масло
сол
мелен црн бибер


Приготвување:
Засечете ги котлетите на неколку места, посолете ги и забиберите ги. Доматот исечете го на кругови. Главицата кромид исечете ја на кругови, а потоа одвојте ја на прстени. Јаболкото излупете го и исечете го на резанки.
Премачкајте грил-тава со путер, па испржете ги резанките јаболко и прстените кромид. Во тенџере со зовриена вода сипете малку масло, посолете и ставете ги талјателите да се варат.
Извадете ги од тавче пропржениот кромид и јаболко. Потоа, ставете ги круговите домат да се пржат. Кога ќе се пропржат, извадете ги од тавчето. Во грил-тавата додајте го преостанатиот путер и сипете малку масло. На загреаното масло, ставете ги котлетите да се пржат.
Сварените талјатели исцедете ги и прелејте ги со ладна вода. Во тенџерето каде што се вареле талјателите, ставете маскарпоне па ставете го на шпорет и мешајте со лажица.
Испржените котлети извадете ги од грил-тавата и ставете ги шампињоните да се пржат. Кога маскарпонето ќе се растопи, додајте ги исцедените талјатели и промешајте. Кога тестенините ќе го впијат вкусот на сирењето, тргнете го тенџерето од шпорет. Во грил-тавата со испржените шампињони додајте сусам и промешајте.
Дното од кемарички сад за печење покријте го со тестенини. На нив наредете ги резанките јаболка и круговите кромид. Потоа, наредете ги круговите домат, па одозгора котлетите. На котлетите сипете ги шампињоните со сусам. Скинете листови босилек и додајте ги во садот. Печете 10 минути во рерна загреана на 180 степени.
Сервирајте по желба и послужете со квалитетно вино.

loading...