Свинско со свежа зелка

Loading...

800 г свински ребра
1 ½ кг зелка
500 г кришки домати
500 г кришки лупени компири
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажица брашно
½ лажица црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер

Ребрата посолете ги и наросете ги со црн пипер. Исечениот кромид испржете го во тенџере и додадете ги ребрата. Откако ќе поруменат додадете вода и варете 15 минути.
Киселата зелка исечете ја на поголеми парчиња, а чешнињата лук на парчиња. Во земјана тава наизменично редете ги зелката, компирите, доматите и лукот. Додадете ги ребрата со кромидот и водата, и печете 2 часа на 200 степени. Прелијте со запршка од брашно и црвен пипер, и печете уште 30 минути.

 

loading...