Свињи и трактори пред Собранието за поддршка на Борисов

Loading...

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија на Бојко Борисов  донесе свињи и трактори пред парламентот за да го поддржат премиерот, јавува БГНЕС.Луѓето биле донесени пред парламентот со автобуси од различни краишта на Бугарија и покрај биката шти ја правеле со свирчиња, скандирале  „Бојко, Бојко“.„Бојко Борисов е симбол на овие прасиња. Го нарековме кум на свињите, бидејќи првпат нашиот сектор добива субвенции во овие 20 години и така тој се грижи за своите кумашинчиња”, изјавил за БГНЕС Станислав Ковачев, менаџер на свињарска фарма кој дошол со својот камион и 60 свињи за поддршка на Борисов и неговата Влада.Камионот е паркиран зад централниор софиски храм  „Александар Невски”. Четири трактори се паркирани на жолтата калдрма пред бугарското Народно собрание.Најголема е групата од Банско која подигнала транспаренти со натпис „Бојко, Банско те поддржува”. Според агенцијата станува збор за истите луѓе коишто своевремено одржаа контрапротести за поддршка на изградбата на скијачките патеки крја ова источен бугарски скујачки центар, кои и тогаш организирано дошле во Софија.Во средата била распространета и петиција за поддршка на владата на Борисов која била испратена до службениците во државната администрација, општинските советници, градоначалниците, како и симпатизерите на ГЕРБ.Според пратениците од опозицијата, со ова ГЕРБ го провоцира граѓанскиот мир .Премиерот Бојко Борисов дојде пред Народното собрание и на насобраните симпатизери им порача да си одат и да не протестираат, јавува агенцијата Новините.Тој ги повика симпатизерите да не учествуваат во протести. „Секој кој ме сака и мепочитува, од тука ќе си оди дома. Секој кој оди на плоштадот Позитано ќе биде сметан за провокатор“, реколе Борисов.Тој, исто така, им се заблагодари на симпатизерите дека дошле со животните и со машините. „Нели за тоа им дадовме пари. Ви благодарам. Изборите се оние на кои луѓето ја даваат својата поддршка “, појасни поранешниот премиер.Бугарскиот парламент во четвртокот ја изгласа оставката на Борисов, по големите протести против скапите енергенси и странските монополи.
МакфаксПартијата Граѓани за европски развој на Бугарија на Бојко Борисов  донесе свињи и трактори пред парламентот

loading...