СДСМ: По дебаклот со pаздвојyвањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги пpави граѓаните бyдали

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Албанија напредува кон Европската унија а Македонија останува последна на Балканот само заради неразумното, штетно и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ прво како опозиција а потоа и како власт.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива, велат од СДСМ.

„Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните будали. После сите блокади, после сите опструкции, деструкции, кочења, после сите можни изјави на Мицкоски од типот „не благодарам“ во ЕУ денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: