Северен ветер, од сабота нов влажен бран со дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието, како и на планините.
Поради продорот на студен воздух од север во текот на денот дневната температура нема многу да расте, а на места и ќе опаѓа. Попладне облачноста ќе се намали.
Максималната температура ќе се движи од од 5 до 13 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Облачноста ќе има тенденција на намалување. Температурата ќе достигне околу 10 степени.
Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро.
Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, кои поради спуштање на постуден воздух од север во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Loading...