Северен тек 1 од денеска без гас, Берлин загрижен

Најважниот гасовод што испорачува руски гас во Германија, Северен тек 1, од денеска нема да работи поради ремонт, како што претходно најави операторот, што ја зголемува вознемиреноста во Германија дека тоа може да значи целосно запирање на испораката.

Расне тензијата во Германија, која веќе се припрема за непредвидлива зима:

Русија уште во јуни значително ги намали количините што ги испорачува за Западна Европа, со објаснување дека има проблем поради турбина што недостасува.
Северен тек 1 од денеска без гас, Берлин загрижен

Работата на гасоводот ќе трае 10 дена, до 21 јули, па за време на ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изрази стравување дека Русија веќе нема да испорачува гас дури и по ремонтот.

Русија уште во јуни значително ги намали количините што ги испорачува за Западна Европа, со објаснување дека има проблем поради турбина што недостасува.

Според податоците на Федералната агенција за мрежа, Германија добивала само околу 40 отсто од својот гас преку Северен тек.

Германија добиваше помали количини гас и преку други гасоводи.

Властите во Берлин претпоставуваат дека исклучувањето на Северен тек 1 може да трае подолго од најавеното, можеби и до две недели.

Сепак, постои страв дека и после ремонтот Северен тек може да остане без гас.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Хабек рече дека го очекува најлошото сценарио.

– Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорачува повеќе гас, повеќе од досега, но може да има и целосен прекин на испораките, нагласи тој.

Овој страв го дели и германската индустрија, пред сè хемиската и фармацевтската, која е голем потрошувач на енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.