Северина мора итно на операција

Loading...

Хрватската пејачка Северина Којиќ со години мака мачи со ‘рбетот, а физиотерапијата на која оди, сѐ помалку ѝ помага, така што операцијата е сè поизвесна опција, пишува српски „Ало“.
– Северина се обидува да избегне таков радикален метод, таа е преплашена од операција на ‘рбетот. Затоа со години ги испробуваше сите методи на лекување за кои дозна. Кога првпат ѝ се појавија болките, таа мислеше дека се безопасни. Секого го боли грбот кога стои или седи премногу долго, но тоа стана честа појава. Потоа таа побара помош од најдобрите експерти кои ѝ рекоа дека единствено решение е операцијата – добро информиран извор ја започнува приказната и продолжува:
– Тоа не ѝ одговараше, па отиде по второ мислење, убедена дека скалпелот може да се избегне. Различни физиотерапевти ѝ ветија подобрување, некои дури и целосно излекување. Таа проба сè, губеше време, потроши многу пари, но едноставно не може. Накратко, болката се намали, но повторно се врати и тоа време на олеснување е сѐ пократко. Тие велат дека нејзините проблеми со ‘рбетот се последица на стоењето. Плус, таа цел живот е на високи потпетици . Потоа, скока на сцената, танцува… И не е единствената што се занимава со таа работа, а која има проблем со ‘рбетот. Цело време таа ги прави вежби што ѝ ги препорачуваат физијатрите. Внимавајте на држењето на телото, но болките не исчезнуваат. Операцијата станува сѐ позивесна опција, но Севе многу се плаши. Таа е свесна дека постои опасност од компликации, последици, па дури и од тоа да остане инвалид. Затоа и трпи, кога ќе започнат силните болки пие лекови или прима инјекција, и очигледно нема да се согласи да оди „под нож“ додека не падне во кревет. Се разбира, тука е и стравот од тоа колку долго ќе трае закрепнувањето. Колку не смее да работи и да биде активна, затоа што таа сепак живее од тоа. А, токму сега не може да си го дозволи тој луксуз да лежи со месеци – вели добро информиран извор за „Ало“.

loading...