Северина облечена како калуѓерка ги подели Балканците

Резултатот од уметничкото доживување на животните предизвици на хрватската пејачка Северина и искуствата на двајца уметници е новиот сингл наречен „Верувам во Господ“, потпишан од Филип Милетиќ, продуцент, композитор и аранжер и Дино Мерлин, автор на текстот.

Во музиката, тој си поигрува со стиловите и стиховите од весели популарни ноти до далматинска тага и емоции до брз диско ритам.
Нејзиниот приватен живот, сакала-нејќела, е изложен во јавност, а содржи и многу страдања и тага, но и многу среќа. Нејзе ѝ се случи објавување приватни снимки и фотографии, одземање на детето, речиси сто тужби, една венчавка и развод.

Ова е жената за која Северина пее во песната „Верувам во Господ“ и преку која, всушност, ја доведува во прашање својата вера и искрено и цинично се осврнува на своите грешки во животот.
Она што ја заинтригира јавноста е и фустанот од видеото. Соработниците на Северина дадоа посебно објаснување за него.

Северина облечена како калуѓерка ги подели Балканците

Фустанот од спотот, кој се носи преку глава, е од дизајнерскиот бренд „Коперни“, чии основачи и дизајнери на Модната недела во Париз во живо со спреј исцртаа фустан на голото тело на Бела Хадид. Бодито и долгиот црн фустан без прерамки од видеото се дизајн на Матија Вујица.
Како и многупати досега, Северина отиде чекор понапред од сите и успеа да предизвика реакција кај луѓето. Слободно може да се каже дека уште еднаш го подели целиот Балкан.

Меѓу коментарите за убавата Северина има и такви кои ѝ даваат ветар во грб, но и оние кои коментираат дека всушност претерала, бидејќи во еден дел од спотот е облечена како калуѓерка, а во друг е прилично разголена.

Пронајдете не на следниве мрежи: