Северина со спектакуларно шоу во Скопје

Loading...

Танцување, емоции, светла, ефекти, акробации, синоќа хрватската музичка ѕвезда Северина приреди шоу за паметење пред околу 9.000 гледачи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најави бајка во четири чина, но понуди многу повеќе. Публика во преполната сала од сите генерации, сплотени во песните на единствената Северина. Во еден глас со пејачката публиката ги пееше песните од новиот албум „Добро дошао у клуб“, но и оние старите, песните со кои ја запознавме Северина.

Сцената на концертот беше вистински театар. Многубројна танчерска група, светлосните, но и технички ефекти, кои само дополнително ја вжештуваа атмосферата.

Во кожа, секси трико и пердуви Севе, покажа дека овој дванаесетти по ред концерт за нејзе е само најава  за многу повеќе.

Двочасовниот концерт беше заокружен со песните со кои и започна. Северина на крајот им се заблагодари на сите фанови, и повторно, како и секогаш кога гостува во метрополата, нагласи дека Скопје и понуди незаборавна ноќ.
Танцување, емоции, светла, ефекти, акробации, синоќа хрватската музичка ѕвезда Северина приреди шоу за паметење пред о

loading...