СЕВЕРИНА ЈА ПРИЗНА ВРСКАТА СО ФИЛИП МИЛЕТИЌ: Пејачката објави ШОКАНТНА фотографија со него

Loading...

Северина повторно се сликаше со Филип Милетиќ, а по тој повод имаше интересна порака!
Пејачката Северина Вучковиќ со месеци ја провоцира јавноста со своите потези, изјави и објави на социјалните мрежи. Еден од нејзините потези секако е нејзината нова објава на Инстаграм, ни помалку ни повеќе туку со нејзиниот очигледно нов емотивен партнер.


Станува збор за музичкиот продуцент Филип Милетиќ, кој не се одвојува од Северина. Имено, тие двајцата во последните неколку месеци се почесто се гледаат во јавност заедно, а заминаа и на летување, поради што почнаа шпекулации дека меѓу нив двајца има нешто повеќе од пријателство.
Северина на својот Инстаграм профил објави фотографија со Филип, а по тој повод му посака среќен роденден.
– Среќен четириесетти роденден Филип. Те сакам Филипе – напиша Северина.

loading...