Северна Кореја ги суспендира сите договори за ненапаѓање со Јужна Кореја

Loading...

Северна Кореја објави во петокот дека еднострано се откажува од сите договори за ненапаѓање, кои се важечки во моментов меѓу Пјонгјанг и Сеул, како и за прекинување на директната телефонска комуникација меѓу двете земји, според соодветното соопштение на Комитетот за мирно обединување на татковината што го објави Корејска централна новинска агенција (KCNA).

 
„Во време кога јужнокорејските марионети во дослух со САД со закрвавени очи се подготвуваат да нè нападнат, ја губата секоја смисла договорите меѓу Северна и Јужна Кореја за ненапаѓање, за не-употребата на оружените сили, со кои треба да се спречат случајни судири, за постигнување мирно решавање на пограничните прашања”, се вели во соопштението.
Комитетот за мирно обединување на татковината, инаку, ја има улога на државен орган на Северна Кореја за односи со Јужна Кореја.
Северна Кореја, исто така според соопштението, ја смета за „одамна невалидна” заедничката декларација со Сеул за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Покрај тоа, Пјонгјанг извести и за прекин на единствената директна телефонска линија меѓу воените претставници на двете корејски држави во локацијата за преговори во Панмунџом, која се наоѓа во демилитаризираната зона меѓу двете земји.
Пред неколку дена, Северна Кореја, исто така, ја прекина валидноста на Договорот за примирје, кој беше потпишан кон крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, со САД кои тогаш учествуваа во конфликтот под знамето на Обединетите нации.
Декларацијата за еднострано откажување на сите мировни договори следеше веднаш откако Советот за безбедност при Обединетите нации во четвртокот навечер ги зајакна санкциите против Северна Кореја како одговор на нејзината нуклеарна проба од 12-ти февруари. Со резолуцијата со новите санкции против Пјонгјанг, четврта по ред, се блокираат банкарски трансакции, се замрзнуваат сметките на Северна Кореја за увоз на авиони и бродови, како и на севернокорејските дипломати за трансакции на големи суми пари за увоз на стоки коишто може да се употребат во насока на развој на нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг. Истовремено, Советот за безбедност забранува и снабдување на Северна Кореја со луксузни предмети, вклучувајќи јахти и луксузни и тркачки автомобили коишто ги купува севернокорејската комунистичка елита.
Во документот, исто така, се бара од членките на ОН да се спречи формирањето мешовити финансиски компании и отворање претставништва на банки од Северна Кореја, што може да се користи за натамошен развој на оружје за масовно уништување. Нацрт-резолуција на Советот по тринеделни преговори беше презентирана од САД и Кина претходно оваа седмица. Проширена е, исто така, и листата на лица и органзиации кои потпаѓаат под санкциите.
Сепак, директна причина за ваквиот чекор на Пјонгјанг се големите заеднички воени маневри на Јужна Кореја и САД.
Макфакс
Северна Кореја објави во петокот дека еднострано се откажува од сите договори за ненапаѓање, к

loading...
Loading...