СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПУКА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА НАД ЈАПОНИЈА: Населението е предупредено да се засолни – сообраќајот на возовите е привремено прекинат

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до населението на северот на таа земја да се засолни и привремено да го прекине железничкиот сообраќај, пренесува Ројтерс.

СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПУКА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА НАД ЈАПОНИЈА: Населението е предупредено да се засолни – сообраќајот на возовите е привремено прекинат

Ракетата поминала над јапонска територија и паднала во Тихиот Океан.

Тоа е прв пат од 2017 година проектил да биде истрелан во таа насока, а Јапонија рече дека тоа е веројатно најдолгата далечина што некогаш ја поминала севернокорејската ракета на 4.600 километри.

Јапонија соопшти дека не презела никакви мерки за соборување на проектилот.

Министерот за одбрана Јасуказу Хамада изјави дека Јапонија нема да возврати на нападот на Северна Кореја, но ќе ја зголеми својата одбранбена готовност во случај на нов напад.

А Јужна Кореја најави дека ќе ја зајакне својата одбрана и ќе ја зголеми соработката со своите сојузници.

САД остро го осудија лансирањето на балистичка ракета над јапонска територија.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, рече дека акцијата на Пјонгјанг го дестабилизира регионот и го крши меѓународното право.

Ова најново лансирање е петто во последните 10 дена.

Минатата недела, САД, заедно со Јужна Кореја и Јапонија, спроведоа поморски воени вежби кои Пјонгјанг ги смета за закана за нејзината безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.