СЕВЕРНА КОРЕЈА лансираше БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, пред планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.

СЕВЕРНА КОРЕЈА лансираше БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја

Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.

– Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница – соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

По последното лансирање, врховниот командант на јужнокорејската армија Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили на Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија нивната подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да разговара за одговорот на лансирањето и го осуди чинот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и неоправдана провокација.

Се огласи и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, кој рече дека според јапонските проценки, ракетата достигнала височина од 50 километри и дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, така што нема извештаи за проблеми со воздушниот и бродскиот сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.