Северна Кореја се заканува со „конечно уништување“ на Јужна Кореја

Loading...

Северна Кореја во вторникот и се закани на Јужна Кореја со „конечно уништување“ за време на дебатата на конференцијата на Обединетите нации за разоружување.Притоа претставникот на Северна Кореја рече дека неговата држава може да преземе „втор и трет чекор“ по минатонеделната нуклеарна проба.„Како вели изреката, новородените  кученца немаат страв од тигарот. Некоректното однесување на Јужна Кореја само ќе доведе до нејзина конечно уништување“, изјави севернокорејскиот дипломат Ѓон Јонг Рјонг.Без посебно спомнување на нуклеарната проба, Ѓон рече дека Северна Кореја неодамна презеде „одлучувачки чекори за самоодбрана“, кои што ги опиша како „силна противакција против страните агресори“.„Доколку САД презематнепријателски акт кон НДР Кореја до крајни граници и ја закопликуваат состојбата“, тогаш нема да имаме друга можност отколку да преземеме втор и трет посилен чекор“, рече Ѓон без подетално појаснување.
МакфаксСеверна Кореја во вторникот и се закани на Јужна Кореја со „конечно уништување“ за време на дебатата на ко

loading...
Loading...