Северодонецк и Лисичанск се пред паѓање! Русите напредуваат незадрживо

„Битката за двата клучни града во источна Украина, Северодонецк и Лисичанск, се приближува кон ужасен крај“, соопшти Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Имено, Русите со недели со жестоки напади се обидуваат да ги освојат Северодонецк и Лисичанск, последните два преостанати града под контрола на Украина во областа Луганск. Борбите се претворија во крвава војна, при што двете страни претрпеа големи загуби. Но, руските вооружени сили постигнаа значителен напредок во изминатите две недели.

„Битката влегува во еден вид страшен крај“, изјави Арестович во синоќешното интервју.

Сергеј Хајдаи, украинскиот гувернер на Луганск, утринава изјави дека „руските вооружени сили успешно напредуваат“, додавајќи дека Русите ја освоиле Лоскутивка, населба јужно од Лисичанск и се заканија дека целосно ќе ги опколат украинските борци, што може да ги принуди украинските борци да се повлечат.

Што се однесува до Северодонецк, се верува дека руските вооружени сили го контролираат речиси целиот град. Единствен исклучок е хемиската фабрика Азот, каде што се кријат стотици цивили и украински борци.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.