Сега се бара регистрација и на ЦАР ФЕРДИНАНД! Дали е ова оркестрирана провокација?

Централниот регистар на РСМ потврди дека е поднесена пријава за регистрација на клубот „Цар Фердинанд“ во Богданци, додавајќи дека пријавата е во постапка на разгледување.

Сега се бара регистрација и на ЦАР ФЕРДИНАНД! Дали е ова оркестрирана провокација?

„Сител“ објави дека разгледувањето на документацијата за регистрација на овој клуб веројанто ќе биде првата задача која што ќе ја има ад хок советодавното тело кое го формираше министерот за правда, Тупанчевски како преодно решение до донесување на нов закон за регистрација на здруженија за кои детали треба да бидат објавени до крајот на месецот.

Цар Фердинанд бил владетел на Бугарија за време на Првата Светска Војна. претходно се отворија два бугарски клуба со имиња на контроверзни личности од фашистичкото минато – Иван Михајлов и Цар Борис Трети.

На седница на Владата претходно донесена е Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. Претходно, Владата ја усвои информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка.

Со новото законско решение треба јасно да бидат уредени условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение но и дали истото има назив на контроверзна историска личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.