Седум македонски града го победија коронавирусот

Loading...

Според последниот ковид извештај на Институтот за јавно здравје, во земјата од направени 2.885 тестирања, се регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19 од Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1
Регистрирани се 30 оздравени пациенти, додека пријавени се две починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

loading...
Loading...