Секој седми испраќа секс порака по грешка

Loading...

Секој седми без да сака испраќа СМС-порака со интимна содржина на погрешен број, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија.

Секс пораките по мобилен или e-mail стануваат сè повеќе популарни не само меѓу младите, но и кај голем дел од возрасните со подобра позиција во општеството. Интимната содржина се пренесува преку современите средства за комуникација – мобилен телефон, електронска пошта или социјални мрежи. Истражување покажува дека секој седми испраќа еротски SMS-и на погрешна дестинација, односно на човек кој воопшто не треба да го прочита тоа.
37% од грешните пораки се испраќани на пријатели, 25% за поранешен љубовник, 17% кон колеги, 9% на членови на семејството и 7% кон непознати. Во поголем дел од случаите луѓето се извинуваат со повторна порака, објаснувајќи дека содржината се однесува на друг. 39% се преправаат дека ништо не се случило.
Од испитаниците 19% признаваат дека примиле SMS со непристојна понуда од човек од кого не очекувале. Подоцна сфаќаат дека не е наменето за нив. Грешката е предизвикана најчесто од прекумерна употреба на алкохол кај 77 отсто од случаите.
Макфакс
Секој седми без да сака испраќа СМС-порака со интимна содржина на погрешен број, покажуваат резултатите од истражувањ

loading...