Сексот е подобар во хотелска соба отколку дома

Ако некогаш сте имале секс во хотелска соба и сте помислиле дека ви било подобро отколку кога имате секс дома, сте биле во право, а тоа сега е и научно докажано.
Една од главните причини за ваквото чувство, велат научниците, е новото опкружување што го стимулира лачењето на допамин, хормонот на среќа.
Истражувањето спроведено во 2018 година покажа дека речиси половина од Американците сметаат дека сексот во хотел е подобар отколку дома, а главна причина е факторот ново опкружување.
Оддалечувањето од вашата спална соба во која најчесто имате секс со партнерот/партнерката и престојот во нова, непозната средина е возбудливо само по себе, објаснуваат научниците.
Huffington Post објави дека и други истражувања покажале дека новото опкружување го стимулира лачењето на допамин во човечкиот мозок, хормон што има огромна улога во сексуалното возбудување и го зголемува уживањето.


Покрај тоа, хотелските соби за двојките се асоцијација за одмор и бегство од секојдневниот стрес што го намалува сексуалниот нагон. Научниците тврдат дека приватноста на хотелската соба го прави сексуалното уживање поопуштено и поудобно.
Секс терапевтката Мариса Нелсон вели дека често им предлага на двојките чиј брак е во криза да отидат на викенд во хотел.
Таа објаснува дека не мора да направат големо патување, ниту да излезат од градот, туку само да излезат од дома и да имаат простор и време повторно да се поврзат и да бидат интимни.