Секс скандал во Центар за азиланти во Швајцарија

Loading...

Политичарите од Народната партија на Швајцарија се соочуваат со срам за скандалот во кој се вклучени обезбедувачи и вработени во Центарот за азиланти обвинети дека имале секс со бегалците и дека извлекувале пари од нив.Судските институции објавија дека под сомнение се петмина обезбедувачи и тројца вработени во Центарот од одделот за имиграција.Le Matin пишува дека Иван Перин, кандидат на Народната партија на Швајцарија за кантонската влада и федерален пратеник, е заменик директор на NSA, компанија ангажирана од владата за обезбедување на Центарот за азиланти.Обезбедувачите и други вработени се под сомнение, откако барачите на  азил пријавиле неколку случаи на сексуална злоупотреба што се случиле во декември 2012 година.Порано овој месец, полицијата интервјуирала 16 бегалци, објавија Тери Грисјин, министер за економија и обвинителот Јанис Каландрет на прес-конференција.Полицијата разговарала и со претставници на Амнестии Интернешнал, кој бил контактиран од бегалците во врска со случаите на злоупотреба.Продолжува истрагата за случајот.Владата смета дека осуммината осомничени ги искористиле бегалците врз основа на презумпцијата на невиност.Како и да е, двајца од тројца вработени во Центарот за азиланти се суспендирани за непрофесионално однесување, додека NSA ги замени со други своите обезбедувачи.Затоа што истрагата се уште не е завршена, Перин, поранешен полициски инспектор, не сакал да го коментира случајот, како и Николас Рорбах, исто поранешен полициски инспектор, а сегашен директор на NSA.Компанијата за обезбедување беше ангажирана во октомври, врз основа на грант од 860.000 швајцарски франци, одобрен во итна постапка од парламентот.
МакфаксПолитичарите од Народната партија на Швајцарија се соочуваат со срам за скандалот во кој се вклучени обезбедувач

loading...