Секта венчала 3500 парови

Loading...

Илјадници млади луѓе се венчале во организација на јужнокорејското Црковно обединување, основано од Сан Мјунг Мун кој инаку починал минатата година.
Илјадници парови се венчале во Јужна Кореја на првата масовна свадба која ја организирала Црквата обединување откако починал нејзиниот основач Сан Мјунг Мун. Црквата обединување е обвинета за “перење на мозокот” и манипулација на следбениците, за ограбување на нивните имоти и за измама, заради која била и осудена во САД, а Мун кратко време поминал во затвор.
Меѓутоа, околу 3500 парови идентично облечени, учествувале на церемонијата во Гапјеонгу, североисточно од главниот град Сеул, а уште 24000 службеници на оваа црква, кои се нарекуваат “мунис” по името на основачот, се венчавале со помош на видео-врски во други земји. Церемонијата ја водела Хак Ја Хан, жена на починатиот основач на црквата, кој починал на свои 92 години. Околу 400 членови на Црквата кои се венчавале одлучиле партнерот да им го избере Хак, а тоа го правел и нејзиниот маж, кој за себе викал дека е месија.
Извор: cafe.baИлјадници млади луѓе се венчале во организација на јужнокорејското Црковно обединување, основано од Сан Мјунг Мун кој

loading...